Од денеска почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.
Како што соопшти Министерството за здравство, заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, потсетуваат од Министерството и додаваат дека испратиле допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.