Лионел Меси е на чекор од продолжување на договорот со Барселона, објави каталонската телевизија ТВ3 која додава дека таткото на фудбалерот, Хорхе Меси, кој воедно му е и агент, имал успешни преговори со управата на клубот.

Според телевизијата ТВ3, Меси дури е подготвен и да игра за помалку пари, а за возврат очекува по крајот на кариерата да добие важно место во управата на клубот.

Телевизијата исто така додава дека планот на Меси е за Барселона да игра уште две години, по што ви заминал во САД и МЛС лигата каде ќе ја заврши кариерата, па потоа да се врати во каталонскиот тим како дел од управата.

Договорот на Меси истекува на 30. јуни годинава, а последните најави се сосема спротивни на тоа што се случуваше минатото лето.