Во последните 24 часа во Македонија се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Најмногу новозаразени лица има во Скопје 323, а потоа следуваат: Куманово 23,Штип 8,Прилеп 38,Тетово 19,Струга 15,Велес 22,Битола 36,Охрид 28,Кавадарци 25,Гостивар 17,Гевгелија 6,Струмица 13,Крива Паланка 6,Радовиш 10,Кочани 12,Пробиштип 4,Македонски Брод 4,Пехчево 1,Берово 7,Валандово 5,Виница 2,Делчево 7,Кратово 1,Свети Николе 4,Кичево 5,Ресен 5 и Неготино 11.
-Починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови, се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти.
-Досега во земјата се направени вкупно 373.738 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613, наведува Министерството.