Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.447 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021.

Регистрирани сe 336 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 8.393.