Американскиот телевизиски водител, популарниот Лари Кинг, почина во 87-та година од животот.

Водителот на почетокот на јануари бил хоспитализиран откако бил позитивен на коронавирусот.

Кинг припаѓал на ризичната група пациенти, имал бројни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, рак на простата и бели дробови и дијабетес тип два.

Досега имал бројни здравствени проблеми – срцев удар, рак на простатата и белите дробови, дијабетес типот два.

Лари Кинг се прослави со интервјуата емитувани на Си-ен-ен во неговото ток-шоу.

Легендарниот водител Лари Кинг за три недели загуби две деца