Комичарот и славен јутјубер, Рахул Вохра почина на 35-годишна возраст во болница во Индија како последица на коронавирусот. Вохра пред својата смрт снимил видео на кое тврди дека здравствените работници го игнорираат…

Популарниот актер и комичар, имаше повеќе од 120.000 следбеници само на„Јутјуб“ и повеќе од десетици милиони прегледи на „Фејсбук“, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Неговата сопруга Џиоти Тивари ја потврди веста за неговата смрт, велејќи дека тој починал во понеделникот. Таа на својот инстаграм-профил сподели видео од својот сопруг кој го снимил додека бил во болница…

Овој кислород е исклучително вреден во моментов. Без него, пациентите страдаат… Повикувате за помош, но никој не доаѓа. Тие доаѓаат по еден час или повеќе, и некако треба да се справите во меѓувреме“, вели Рахул во видеото.

Правда за секој Рахул“, напиша неговата сопруга во описот на видеото, кое е прегледано повеќе од еден милион пати.

Кризата во Индија продолжува да се влошува со секој изминат ден. Земјата постави нов рекорд за бројот на новозаболени во изминатите 24 часа, при што беа пријавени 414.000 нови случаи. Бројката е највисока досега, за која било земја во која било точка од пандемијата. Околу 4000 луѓе починаа во истиот период.

Многу епидемиолози сметаат дека бројот на пријавени е помал од реалниот број на инфекции и смртни случаи.