Пациентот од Италија кој беше позитивен на ковид-19, практично од почетокот на падменијата почина. Пациентот имал други болести, а неговиот имунолошки систем бил ослабен. Толку долг период на зараза со коронавирусот, дури 250 дена, сè уште не е забележан во светот.

Според примариусот на болницата, д-р Матео Басети, засега ова е единствениот случај во светот.

Овој случај ни покажува колку сè уште не знаеме за ковид-19, изјавил д-р Басети за агенцијата „Анса“.

„Анса“ известува дека во последните 24 часа во Италија, 659 починале како последица од компликации на ковид-19, а регистрирани се 11.200 нови случаи на коронавирус.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.