Почина актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.

Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето, соопштија од МНТ.