Првиот гренслем турнир во сезоната, Австралија опен, кој е закажан за 16 јануари во новата 2023 година ќе има рекорден награден фонд за тенисер(к)ите со вкупни 48,5 милиони евра (76,5 милиони австралиски долари)

Advertisements

Зголемувањето на наградсниот фонд е за 3,4 отсто во споредба со минатата сезона, а големи зголемувања добиваат сите што ќе учествуваат, од првото коло до самото финале. Победниците на годинешниот турнир во Мелбурн ќе добијат по 1,88 милиони eвра (2,97 милиони австралиски долари).

Директорот на турнирот Крег Тајли објави дека вкупниот награден фонд вклучувајќи ги и подготвителните турнири, како што е „Јунајтед купот“, за прв пат ќе надмине 100 милиони австралиски долари или 63,4 милиони евра./Sport1/

Прикажи повеќе