СИТЕ познаваме луѓе кои секогаш сакаат да бидат подобри од другите. Нивната натпреварувачка природа не признава пораз, па секогаш се подготвени да се борат за да ја докажат својата супериорност на сите. Иако оваа карактеристика може да биде добра во работата или спортот, во другите аспекти од животот може да биде малку иритирачка. Тоа се знаци со силен натпреварувачки дух.

Овен

Луѓето родени во знакот Овен се многу амбициозни. Тие не веруваат во опуштање и сакаат да бидат најдобри во сè што прават. Секогаш се подготвени да прифатат нови предизвици и полни се со упорност и волја за натпреварување. Не можат да ја поднесат мислата дека некој е подобар од нив, па желбата за победа им е најголема мотивација.

Лав

Лавовите мислат дека се супериорни во однос на другите. Меѓутоа, тие честопати мораат да си го покажат тоа на себе и на другите повторно и повторно за да го зајакнат своето веќе надуено его. За нив се е конкуренција, па во секоја ситуација се трудат да докажат дека се поуспешни, попривлечни, посилни и побогати од другите.

Скорпија

На прв поглед, Скорпиите изгледаат како мирни, дури и повлечени луѓе, но тоа не значи дека тие не се исклучително конкурентни. Можат да бидат немилосрдни кога сакаат да претепаат некого. Имаат силен карактер и се жестоки конкуренти, па затоа не е препорачливо да се натпреварувате со нив. Нема да се откажат додека не го уништат противникот.