Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални ја напушти Германија, каде се лекуваше поради наводно труење, и се врати во Русија. Веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Москва, тој беше уапсен од страна на руската полиција.

Неговиот портпарол, Кира Јармиш изјавила дека сослушувањето на Алексеј Навални почнало денеска во 10:30 часот во Химки, град во близина на Москва.