Едномесечно бебе по грешка било вакцинирано во Турција против Ковид-19, но засега е добро, изјавил докторот што ја следи неговата состојба, што е прв познат случај на вакцинација на доенчиња во светот, според Хина.

Едномесечно новороденче беше по грешка вакцинирано против Ковид-19 во јули, наместо против хепатитис, рече за АФП Зафер Куругол, педијатриски инфектолог на Егејскиот универзитет, кој го набљудува бебето.

Куругол изјавил дека здравствениот работник кој ја дал вакцината во околината на Измир веднаш видел дека згрешил и ги известил здравствените власти. Детето веднаш било пренесено во универзитетската болница Егеј, каде што било прегледано и бил следен срцевиот ритам.

Лекарите го следеле една недела и не откриле никакви негативни последици.

Бебето ја напушти болницата потполно здраво, како што дојде. Тоа, исто така, немаше несакани ефекти што понекогаш ги имаат возрасните, како што е треска или температура. Мајката продолжи да го дои- изјавил Куругол.

Дететo кое денес има 4 месеци е здраво и лекарите редовно го прегледуваат. Тестовите покажаа дека тој развил антитела против Ковид-19, додал инфектологот, кој не сакал да каже со која вакцина е вакцинирано детето.

Во моментов во Турција се користат две вакцини, „Фајзер“ и „Коронавак“

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.