Миралем Пјаниќ нема намера да ја напушти Барселона по само една сезона.

Бх играчот за врска пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето во размена со Јувентус, но Роналд Куман не смета премногу на неговите услуги и Пјаниќ поминува повеќе време на клупата.

Во одличното интервју за Мундо Депортиво, Пјаниќ го истакна тоа

“Не потпишав за Барселона да заминам по една сезона. Потпишав за да напишем историја во клуб што беше моја цел пред години”, рече Пјаниќ и откри дека на 16-годишна возраст за малку ќе завршил во каталонски клуб.

“Татко ми преговараше со челниците на Барселона кои ме сакаа во тимот. Играв за Мец, но решив професионалната кариера да ја започнам во Франција. Јас секогаш ја следев Барселона, а Ерик Абидал ме сакаше во клубот две години пред тоа. Сепак, Гризман пристигна и немаше пари за мене. Требаше да чекам две години да го исполнам сонот и да играм за Барселона. Дојдов тука за да имам големо искуство со победници и тие ме замолија да и помогнам на новата генерација од Ла Масија со мојот карактер и искуство.

Пјаниќ посочува дека работи многу напорно да се бори за неговиот статус.

“Дојдов во Барселона да ја освојам Лигата на шампионите. Тоа е мојата цел. Сакам да му помогнам на тимот да освојува трофеи. Моето мото е никогаш да не се предавам. Ако не играм, работам следното утро повеќе од кога било и се обидувам да го натера тренерот да забележи дека не се откажувам. Никогаш не престанав да тренирам. Ковид ме натера да престанам да тренирам, а Куман ми рече да бидам смирен и да не брзам. Тогаш ми беше многу тешко да се прилагодам. Куман не зборува премногу со играчите и знам дека морам да бидам подготвен кога тој ќе му бидам потребен“.

Врската со Лео Меси е фантастична.

“Имаме одлична врска. Лео многу зборува со мене, тој ми помага да се прилагодувам, ме охрабрува и ми помага. Никогаш повеќе нема да видиме фудбалер како него. Би сакал да играм покрај него со години”.

Тој сака да игра пред полн стадион „Камп Ноу“.

“Би сакал да играм на полн Камп Ноу. Сакам да го доживеам тоа искуство што е можно побрзо и да го почувствувам целиот стадион. Сакам да играм пред полн Камп Ноу. Тоа би значело враќање на нормалноста во кое луѓето би можеле повторно да уживаат “

Куман би го прашал само една работа.

“Би го замолил да ми даде шанса да играм два или три натпревари по ред. Тоа е она што му треба на секој фудбалер. Јас продолжувам да работам и ја чекам мојата шанса. Тренерот им дава шанса на младите фудбалери, тоа е одлично, но верувам дека моето искуство може да помогне во важни натпревари “.