Како и милиони Американци, поп-рок ѕвездата Пинк ги следеше протестите во Вашингтон од дома. Таа го изрази своето разочарување на социјалните мрежи и изјави дека ова е еден од најтажните денови за Америка.
As a United States Citizen, and the daughter of two veterans, and the sister of another, I am ashamed of what is happening in Washington. Hypocrisy, shame,
Embarrassment. Unpatriotic hypocritical sheep drinking poison Kool aid. This a sad day for America.— P!nk (@Pink) January 6, 2021
„Како американски државјанин, ќерка на двајца ветерани и сестра на уште еден ветеран, се срамам од она што се случува во Вашингтон. Лицемерие, понижување и срам. Ова е тажен ден за Америка“, напиша Пинк на Твитер.
Да потсетиме, за време на синоќешниот протест на приврзаниците на претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Доналд Трамп, во Конгресот, беа убиени четири лица, објавија американските власти.
Жената која беше ранета од полицијата во Конгресот веднаш им подлегна на повредите, а другите три повредени лица починаа во болнички услови. Загинатите се поврзани со упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на парламентот, пренесува Си-Ен-Ен.
Десетици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на САД синоќа за време на седницата на двата дома и привремено спречија законодавниот дом да ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори.
Откако полицијата се справи со тешката четиричасовната окупација на американскиот Конгрес од лутите приврзаници на Трамп, официјалните лица го прогласија комплексот за безбеден.