На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, даде одговор на новинарско прашање во однос на остварените средби на претседателот Мицкоски во САД.

„Претседателот Мицкоски во САД оствари државен успех. Тој е прв премиер на државата кој присуствувал на инаугурација на американски претседател, а воедно  и единствен политичар од Балканот во моментот кој беше во Вашингтон на настанот оваа година.

Покрај големата чест која Македонија ја има со тоа, претседателот ја искористи посетата да се види со значајни личности од Американската политика и нормално бизнис заедница.

Остварени се средби со Крис Павловски, Девин Нунез, Џон Битов, Марко Галина, Такер Карлсон, Ричард Гренел, Ендру Пејкоф, Џеси Спиро, Александар Касаноф, Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД и многу други средби.

На овие средби е разговарано за поддршката на САД за Македонија, како и за инвестицискиот потенцијал на нашата држава и отвореноста за економска соработка.

Ефектот од овие средби допрва ќе се гледа во Македонија, како политички, така и економски“ , нагласи Петрушевски.