Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска ќе биде сослушан за резултатите од неговата посета на Северна Македонија и меѓувладината средба меѓу двете земји.

Постапката поддржана од мнозинството е на барање на ГЕРБ и расправата ќе биде прва точка на пленарната седница во петок.

Исто така, во македонското собрание, на седницата на Комисијата за надворешна политика министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе реферира за преговорите со Бугарија односно да точките од предлогот 5+1. Ова доаѓа на барање на Антонио Милошоски кој е претседател на оваа собраниска комисија.