„Од утрово и последните денови слушам лажни наводи дека бугарската влада имала две надворешни политики и што уште не. Сакам да разјаснам дека Бугарија има три јасни барања за напредок на темата Северна Македонија“, рече Петков.

Првото, рече тој, е почитување на рамковната позиција на Бугарија усвоена во парламентот. Второто е вклучување на Бугарите во Уставот за да може да се заштитат нивните права, а третото барање, вели премиерот, е спроведување на Договорот за добрососедство.

„Ова беа нашите дискусии и порано и сега, и работиме заедно за да видиме дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови“, рече Петков.