Песната „Wham! Last Christmas“ за прв пат се најде на топ листата на најслушани песни во Велика Британија, по цели 36 години од објавувањето на истата.

Празничниот класик се слушал 9,2 милиони пати во текот на минатата недела, пренесува „Би-Би-Си“.

Објавена во декември 1984 година, песната на Џорџ Мајкл и Ендру Риџли иако стана светски познат хит, сепак, никогаш не успеа да стигне до првото место на светските топ листи.

Риџли изјави дека е „воодушевен“ што песната конечно си го достигна првото место.

Иако поминаа 36 години од објавувањето, што е, можеби повеќе од сè, доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“, изјави Риџли.

Тоа е соодветна почит кон генијалноста на Џорџ, тој ќе беше неизмерно горд и крајно воодушевен“, додаде Риџли.

Интересен е фактот што обожавателите на Мајкл во 2017 започнаа кампања за да го достигнат број еден, со цел да ја одбележат првата годишнина од прераната смрт на пејачот кој почина кон крајот на 2016 година.

Но, тогаш песната „ Wham! Last Christmas“ достигна само број два, не успевајќи да го победи Ед Ширан со песната „Perfect“.