Претседателот на Перу, Франциско Сагасти денеска изјави дека 487 владини службеници, вклучително и поранешниот министри за надворешни работи и за здравство, ги искористиле своите привилегирани позиции за тајно да се вакцинираат против Ковид-19 пред да биде предвидено со државниот план за имунизација.

Привремениот претседател Сагасти во телевизиско обраќање наведе дека имињата на службениците се предадени на Обвинителството и дека овие лица не ја извршувале својата должност како јавни службеници во согласност со законот.

Тајното вакцинирање на функционерите со кинеската вакцина Синофарм, која Владата примарно ги насочи кон здравствените работници, создаде големо незадоволство кај нив, но и дополнително го наруши угледот на поранешниот претседател Мартин Викара, кој потврди дека тој и двајца членови на неговото семејство се вакцинирани пред неговото разрешување во ноември.

Министерката за надворешни работи на Перу, Елизабета Астете, како и министерката за здравство, Пилар Мачети беа принудени да дадат оставка поради тајна вакцинација.