Ситуацијата во тимот на Ред Бул воопшто не e добрa, после последната трка одржана во Бразил, на која болидот на светскиот шампион, не можеше да се искачи на подиумот. Покрај тоа, ситуацијата стана уште понапната во последниот круг од трката, кога тимот побара од Макс Верстапен да му дозволи на неговиот тимски колега Серхио Перез да го претекне.

Advertisements

Перез е во дуел со Леклер за второто место кај возачите. Сепак, Верстапен одби да се откаже, потенцирајќи дека во последните моменти од трката има свои цели и причини. Ова не му се допадна на мексиканецот Серхио Перез, кој остро му зборуваше на холанѓанецот.

„Тоа покажа кој е тој навистина. Не разбирав зошто се однесуваше така, мораше да ме пушти. Не ги разбирам неговите причини, но сакам да кажам дека ако е светски шампион во Формула 1, тоа е и благодарение на мене, бидејќи многу му помогнав“, изјави Серхио Перез, кој се најде на седмото место во трката во Бразил.

Прикажи повеќе