Поранешниот градоначалник на Скопје и поранешен претседател на Либерално демократска партија, Ристо Пенов во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов, зборуваше за длабоката држава, за тоа како зад грб на Црвенковски направиле партија, за српското влијание во Македонија и слично.

Воедно кажа дека во 90-тите ги малтретирале Албанците, кои како што вели со право барале повеќе права.

-Морам да признам дека Албанците беа во право што бараа повеќе права. Ги угнетувавме на сите полиња. На пример, со закон ги исековме општинте, со што Скопје, Кичево и Струга ги направивме мнозински македонски градови иако над 50 години и во времето на екс Југославија тие општини беа со мнозинство Албанци. Па ги исековме Сарај и Матка од Скопје и во Струга ги извадивме Велешта и уште едно село што секако е тотално дивјаштво. Отидовме до таму што во Тетово на локални избори победи Албанец, а ние ставивме Македонец, татко на професорката Рената Дескоска, изјави Пенов.