Претседателот Стево Пендаровски донел одлука повторно да го именува Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, откако истече неговиот прв четиригодишен мандат, дознава „Фокус“.

По неговиот избор за шеф на државата пред 4 години, Пендаровски одлучи да го именува Муслиу за директор на АР, која е под капа на Претседателот на државата.

Според Законот за Агенција за разузнавање, директорот на Агенцијата се бира за период од 4 години, со право на повторен избор за уште еден мандат.