Во Северна Македонија постои наклонетост кон Србија бидејќи сентиментите на македонскиот народ се специфични во однос на србите, која се должи на долгите години во заедничката југословенска држава, вели претседателот Стево Пендаровски, во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk,  коментирајќи го воздржаниот став на државниот врв во однос на терористичкиот напад во косовското село Банско.

„Точно е и тоа дека некои политички субјекти последните години, особено, сакаат да го рециклираат однесувањето на македонските власти од последната деценија од постоењето на Југославија, осумдесеттите, посебно меѓу 1986 и 1990 година. Тогаш се обидувавме прилично „успешно“, да ја имитираме политиката на Слободан Милошевиќ кон Албанците. Паметите, се укинува паралелки на албански јазик, се рушеа ѕидовите во Арачиново, околу приватни објекти без потреба, и така се покажуваше сила, бидејќи главниот наратив беше дека само со сила можеме со Албанците“, тврди претседателот Пендаровски.

Тој стравува дека во земјата има луѓе кои сеуште мислат дека силата е единствениот начин како може да се држат дисциплинирани Албанците, а со тоа и во принцип да се покаже солидарност со Србите.

Според него, политиката на еквидистанца на Глигоров кон соседите, како принцип е сеуште актуелен во македонски услови.

„Зборам за еквидистанца што пишуваше, неспорно е дека Глиговор пензијата ја заслужи во Белград. Јас не велам дека внатрешни импулси не биле на таа насока, зборам за тоа што постоеше на хартија“, вели Пендаровски додавајќи дека македонски контекст постигнување баланс во односите со соседите бара голема политичка вештина.

Р.З.