Претседателот на државата Стево Пендаровски се заблагодари на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

-Честитки до сите православни верници во Република Северна Македонија, денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја.

Денеска, Архиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија.

Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет.

Благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, порача Пендаровски.