Во северниот кинески град Сичаџуанг се гради објект од 3.000 карантински единици поради претпоставката дека ќе се зголеми бројот на пациенти со Ковид-19 за време на кинеската инарна Нова година.

Кинеските државни медиуми денеска објавија дека почна изградбата на карантинскиот центар на земјоделско земјиште во близина на Сичаџуанг, главниот град на провинцијата Хенеј, каде се пријавени голем број на новозаболени од Ковид-19.

Кина минатата година изгради полски болници и гимназиите ги претвори во центри за изолација на пациентите.