Поп-пејачот Фарел Вилијамс синоќа потврди дека неговиот братучед , Донован Линч (25) е еден од убиените две лица во одделните престрелки во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД.

Афроамерикански пејач при давањето на потврдата повика на транспарентност, чесност и правда.

„Загубата на овие животи е трагедија што не може да се мери. Мојот братучед Доновон беше убиен за време на пукањето. Сега е важно моето семејство и семејствата на другите жртви да ја добијат заслужената транспарентност, чесност и правда. Вирџинија Бич е олицетворение на надеж и издржливост и, како заедница ќе го минеме и ова и ќе излеземе уште посилни“, напиша Фарел Вилијамс споделувајќи фотографија од Линч.

Наводно, на полицаецот кој пукал во Линч, во тој миг не му била вклучена камерата на телото, а службеното лице било повикано да одговори на повиците околу пукањата во областа.

Независна и брза истрага за целосниот случај вети Обвинителството одговорно за градот Вирџинија Бич.