Пејачката Ивана Банфиќ со сопругот и синот живее во Стара Дренчина, недалеку од Петриња, кој вчера беше погоден од разорен земјотрес.

Неколку часа по земјотресот Ивана се огласи на социјалните мрежи.

Ние сите сме добро, живи и во еден дел. Епицентарот беше на 3 километри од нас. Ова е најстрашно искуство во животот… Ни паднаа керамидите од покривот, сѐ се урна, во куќата уште не сум била бидејќи е во ужасна состојба. Седам со детето и со мажот во комбето. Луѓето во Сисак се на улиците, ги возат ранетите соседи во колите бидејќи брзата помош не може да стигне до овде“, објави Ивана на социјалните мрежи.

Ќе се поправи сѐ, ама животот нема да се врати ако го изгубиме. Ни останува да веруваме дека сѐ ќе биде добро. Тоа е единствено што можеме“, вели Ивана.

Не спијам, во шок сум и се молам ова да не се повтори. Никогаш. Помогнете им на луѓето од овие села. Им праќам на сите благослов и мир“, напиша Банфиќ доцна синоќа покрај пописот од селата од подрачјето погодено од разорните земјотреси.

facebook