Според Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци. Според анализата на неговата партија, Трајанов во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека излегува дека Албанците во Македонија ги има само 20 отсто и за тоа одговорност треба да превземат нивните политички лидери.

– Се радуваа на тоа што успеале 30 отсто да презентираат дека се Албанци.  Но, ако 90 отсто се Македонци од оние околу 130.000 непопишани, тогаш колку ќе биде процентот на Албанци? Ќе биде околу 20 отсто, правевме анализа, но не треба да се радуваме на тоа. Албанците ги имаат сите права. Која е одговорноста на алабанскиот политички врв нивните граѓани што се иселиле од Македонија, Донесоа ли они фабрики да работат младите, да има единствено и меѓусебно разбирање меѓу сите граѓани?, прашува Трајанов.