Британскиот парламент во средата објави дека ја затвора сметката на TikTok откако пратениците изразија загриженост за врските на компанијата за социјални медиуми со кинеската влада.

„Врз основа на повратни информации од членовите, ја затвораме сметката на Парламентот на Обединетото Кралство на TikTok порано од планираното“, рече портпаролот на парламентот, додавајќи: „сметката беше пилот иницијатива бидејќи ја тестиравме платформата како начин да допреме до помлада публика со релевантна содржина за Парламентот“.

Сопственик на TikTok, популарна социјална мрежа базирана на кратки видео формулари, е компанијата ByteDance, со седиште во Кина. Британските пратеници беа загрижени поради испратените податоци до кинеската влада.

„Можноста владата на Си Џинпинг да има пристап до личните информации на телефоните на нашите деца треба да биде причина за голема загриженост“, се вели во писмото на пратениците.

„Иако е разочарувачки што Парламентот повеќе нема да може да се поврзе со милиони луѓе кои користат TikTok во ОК, ние ја повторуваме понудата да ги увериме оние пратеници кои изразија загриженост и да ги разјаснат сите неточности во врска со нашата платформа“, вели портпаролката на TikTok.