Папата Франциск, по насилните протести на 6 декември во Вашингтон и упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес, денеска упати апел до САД „да се држат настрана од насилството, да бараат помирување и да ги заштитат демократските вредности”.

„Ќе повторам, насилството е секогаш самоуништувачко: ништо не ни носи, а губиме многу”, порача папата Франциск.