Во интервју за грчки весник “Газета“ македонскиот најдобар фудбалер зборуваше за многу работи, а се присети и на работата во Интер со Жозе Мурињо со кого го постигна најголемиот успех во кариерата, освои триплета, односно титула, куп и Лигата на шампиони.

– За мене тој е татко. Тој ме научи на многу работи не само за фудбалот, туку и за животот. Камбиасо беше тренер на местото на тренерот (се смее). Тој беше тренер на теренот, секогаш даваше упатства и сигурен сум дека ќе стане добар тренер. Фантастичен човек, вели Пандев.