Нашиот капиет Горан Пандев преку социјалната мрежа Инстаграм се одбрати до нацијата пред утрешниот прв натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020).

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера, Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување. Можеби се ова последните мои натпревари за репрезентацијата. Сакам како капитен да се обратам на целата нација. Оваа генерација е на најсветото место на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го исполнивме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија!“, порача Гранде Пандев.