Поранешниот пакистански премиер Имран Кан денеска изјави дека двајцата напаѓачи кои отворија оган врз него во Вазирабад се обиделе да го убијат. Во вчерашниот напад Кан беше застрелан додека предводеше протестен марш со барање за предвремени избори.
Според Кан, едно лице загинало, а единаесет се повредени во пукањето. Тој ја даде својата изјава од болница во градот Лахоре, каде што беше примен по нападот. Имран Кан рече и дека три лица биле заговорници за негов атентат.
Кан од болницата ги именуваше актуелниот пакистански премиер Шахбаз Шариф, министерот за внатрешни работи Рана Санаула и генерал-мајор Фајсал Насер од разузнавањето како нарачатели на нападот. „Овие тројца се обидоа да ме убијат“, рече тој во изјавата објавена на Јутјуб.
Шариф и Санаула ги негираа обвинувањата и повикаа на брза истрага за случајот.