Центрите за контрола и превенција на болести сугерираат дека би требало со мамографија да почекате 4-6 недели по вакцинацијата, за да ги избегнете погрешните дијагнози.
Откако ќе се вакцинирате против ковид-19, можеби ќе посакате веднаш да посетите лекар за да ги направите сите тестови што сте ги одложиле. Но, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), постои причина зошто некои работи треба да се прескокнат и да се почека барем четири недели откако ќе ја примите последната доза на вакцина. Експертите велат дека ова се однесува на мамографијата, бидејќи по вакцинацијата, може да дојде до отекување на лимфните јазли, кои може да бидат погрешно заменети за рак. На веб-страницата на ЦДЦ пишува дека би требало со овој преглед да почекате 4-6 недели по вакцинацијата.
Луѓето кои примиле вакцина можат да забележат дека им се формирал јазол под пазувите, во близина на местото каде што се вакцинирани. Станува збор за нормална последица на вакцината која открива дека во телото се создава заштита од болеста, стои на веб-страницата на ЦДЦ. Како што се наведува и во магазинот „Форбс“, ова е честа последица од вакцинацијата и кај мажите и кај жените. Тоа само значи дека шансите за лажно позитивен наод се многу поголеми.
Паметно е да почекате одредено време за да одите на мамографија, но нема причина веќе денес да не закажете преглед во тој период. Радиолозите неодамна посочија дека пациентките не треба да ја одложуваат мамографијата или вакцинацијата, особено ако тоа доведе до уште подолго одложување или целосно занемарување на прегледот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.