Тие од вашата енергија и погледи точно знаат како се чувствувате и што мислите. И додека можеби на почетокот ќе мислите дека претеруваат, подоцна ќе сфатите дека лицата родени во овие знаци од зодијакот ве читаат како отворена книга.

Стрелец

Стрелците имаат неверојатна волја и желба за помагање на другите и сакаат кога луѓето им се доверуваат. Поради тоа со годините учат да ги читаат луѓето и нема потреба да им говорите како се чувствувате – тие тоа веќе го знаат и сочувствуваат со вас.

Лав

Лавовите не можете да ги измамите, а тие се толку директни што на тоа и сами ќе ве предупредат. Тие веднаш ќе знаат што се крие зад нечиј имагинарен штит или празни зборови, а особено чувствуваат кога некој е несреќен и тоа ќе се обидат да го променат.

Рак

Раковите се силно духовити личности кои чувствуваат кога енергијата во некоја просторија е чудна или кога некој не е онаков каков што се претставува. Често својот цел живот го посветуваат на грижа за менталното здравје на другите бидејќи многу лесно ги препознаваат туѓите емоции.