НЕКОИ луѓе имаат прилично развиено чувство за почит кон другите. Можете да ги препознаете по тоа што не користат несоодветни тонови и никогаш нема да навредат некого само затоа што имаат поинакво мислење од нив. Ова се знаците на Зодијакот кои најмногу ги почитуваат другите луѓе.

Девица

Девиците успешно ги кријат своите емоции. Дури и да не изгледа така, тие се полни со почит кон другите, не ги прекинуваат и ги почитуваат правилата на бонтон. Не сакаат да се мешаат во туѓи работи, љубезни се и го кажуваат своето мислење само кога ќе бидат прашани. Понекогаш воопшто не сакаат да се изразуваат за да не повредат блиска личност или некој особено чувствителен.

Вага

Вагите имаат прилично избалансиран карактер. Не сакаат кавги и претерувања, а тоа им овозможува да се однесуваат смирено и одмерено. Овој аспект на нивниот карактер најмногу им се допаѓа на луѓето бидејќи е тешко да не се цени толерантна личност која ги почитува другите. Иако сака да дава совети, Вагата ги цени мислењата кои се разликуваат од нејзините.

Лав

Можеби е изненадување што тврдоглавиот и доминантен Лав се најде на оваа листа, но овие луѓе имаат големо срце и секогаш сакаат да ја направат вистинската работа. Лавовите ги почитуваат другите и се љубезни затоа што сакаат сите да се чувствуваат прифатени. Тие се обидуваат да ги почитуваат туѓите мислења. Не секогаш успеваат, но барем се трудат.