На НИКОЈ не му е лесно да ја прекине љубовната врска, но некои луѓе можат мирно да раскинат. Дури и ако страдаат длабоко во себе, тие се свесни за реалноста на ситуацијата и се обидуваат да и пристапат на практичен начин. Пријателското раскинување е типично за овие хороскопски знаци.

Вага

Вагите не сакаат расправии и не можат да ја поднесат мислата дека некој ги мрази или дека мразат некого. Затоа се грижат по раскинувањето да го остават партнерот со убави спомени и сè да помине мазно и без остри зборови. Вагите можат многу полесно и побезболно да излезат од врските од другите знаци бидејќи се толерантни, мудри и веруваат во договор.

Близнаци

Кога ќе сфатат дека врската повеќе не функционира, Близнаците можат успешно да го убедат партнерот да раскинат со взаемна согласност. Бидејќи се интелигентни и вешти во комуникацијата, лесно го убедуваат партнерот дека ова е најдоброто решение за секого. Поради тоа, со нив раскинувањето обично е лишено од драма и прекумерна чувствителност и тие остануваат добри пријатели со бившиот.

Стрелец

Без разлика на тоа колку се посветени на нивната врска, Стрелците се подготвени да се повлечат кога ќе видат дека дојде крајот. Потоа успешно се убедуваат себеси и партнерот дека мора да продолжат понатаму. Тие не паметат грди работи и не држат ништо против никого, па често остануваат во контакт со поранешните партнери и имаат хармонични односи со нив.

Риба

Рибите го ценат својот душевен мир повеќе од било што друго. Затоа сакаат раскинувањето да се случи во пријателска атмосфера. Тие се стремат да имаат добри односи со бившиот и по раскинувањето и на никаков начин не му посакуваат штета. Бидејќи Рибите се емпатичен знак, тие се трудат секогаш да бидат тука за луѓето со кои биле блиски, дури и за поранешните партнери кои ги повредиле.