СИТЕ познаваме луѓе кои напорно работат и се трудат да ги постигнат целите, но и оние на кои напорната работа не им е омилена активност. Според астрологијата, луѓето родени во овие знаци не се поддржувачи на напорна работа бидејќи некои други работи им се поважни, на пример, нови искуства и одмор или веруваат дека успехот ќе дојде сам по себе.

Стрелец

Стрелците имаат единствен поглед на светот. Тие веруваат дека животот е голема авантура и дека луѓето треба да уживаат во моментот наместо постојано да бркаат по успех и пари. Покрај тоа, тие се љубители на среќата, па мислат дека сепак на крајот се ќе им успее. Поради својот лежерен однос кон обврските, Стрелецот го достигна самиот врв на листата на хороскопски знаци кои не сакаат да работат напорно.

Риба

Луѓето родени во знакот Риби често живеат во земјата на фантазијата. Тие се уметнички, креативни и иновативни, но воопшто не се практични. Овие имагинативни идеалисти често не се во допир со реалноста, па веруваат дека не треба да вложуваат премногу напор за да ги постигнат своите цели. Поради ова, тие обично не се особено вредни и доверливи работници.

Лав

Лавовите се амбициозни, но не секогаш се подготвени да дадат се од себе за да ги постигнат своите големи амбиции. Очекуваат успехот да дојде природно и не сакаат премногу да се трудат. Имаат чувство на супериорност, па веруваат дека имаат право на достигнувања и признанија без да вложуваат многу труд.