НЕКОИ луѓе се колнат во вечна љубов, но има и такви кои се одљубуваат по само неколку недели врска. Таквите луѓе брзо губат интерес за партнерот, а може да има многу причини – можеби им е здодевно со него, можеби нашле некој поинтересен или можеби едноставно не се подготвени за сериозна врска. Во астрологијата, овие знаци важат за најбрзо од љубов со партнерот.

Близнаци

Близнаците знаат да бидат крајно непредвидливи кога се во прашање љубовта и врските. Брзо ќе се заљубат, но веројатно исто толку брзо и ќе се одљубат. Тие одеднаш можат да ви кажат дека повеќе не ве сакаат, дури и ако вашата врска е сè уште нова и свежа. Ако сте во врска со каприциозен Близнак, подгответе се за неочекуваното.

Вага

А Вагите можат брзо да се заљубат во партнерот. Овие нежни души секогаш копнеат по романса, па кога ќе ја нема, тешко им е да останат во врска. Вагите би сакале нивната врска секогаш да биде интензивна и страсна како што беше во првите денови од заљубувањето, па повторно и повторно ја бараат таа почетна искра.

Стрелец

Стрелецот исто така ќе се олади прилично брзо. Тие се непредвидливи и импулсивни, па еден момент можат да ви ја признаат љубовта, а следниот ден да ви кажат дека повеќе не ве сакаат. Вашите напори да ја одржите страста во врската може да ги попречат некое време, но сепак брзо ќе продолжат понатаму.

Овен

И заљубеноста на Овенот не трае долго. Една ситница што не им се допаѓа е доволна за да изгубат интерес за вас. Овенот и онака не сака да се врзува за една личност до крајот на животот. Ако почувствуваат дека нема повеќе искра во врската, нема да останат долго во неа.