Астролозите предвидоа дека од 23 октомври Сатурн ќе ја заврши својата ретроградна фаза и дека поволно ќе влијае врз следните 5 хороскопски знаци и тоа сè до јули наредната година. Во продолжение прочитајте за кои хороскопски знаци станува збор.
Овен
Новата положба на Сатурн ќе придонесе за вашите успеси во поглед на кариерата. Постојат големи шанси да добиете добри вести особено доколку долго време се надевавте на унапредување. Тоа значи дека ве очекува не само зголемување на приходите туку зголемување и на вашиот углед на работното место.
Лав
Сатурн ќе транзитира во вашиот хороскопски знак и тоа во шестото поле. Тоа ќе доведе до развој на вашите натпреварувачки способности, па без проблем ќе можете да ги победите сите противници. Учениците кои се родени во овој знак исто така ќе се здобијат со подобри резултати и подобри оцени на сите испити и натпреварувања на кои ќе учествуваат. Освен тоа, добри вести ве очекуваат и во поглед на здравјето со оглед на тоа дека ќе поседувате огромна енергија.
Вага
Сатурн ќе транзитира во вашиот хороскопски знак и тоа во четвртото поле. Тоа значи дека ќе имате среќа, особено во поглед на донесувањето одлуки. Меѓу другото, доколку долго време размислувавте за купување недвижнини или возило, ова ќе биде вистинскиот момент да го направите тоа. Освен тоа, ова време ќе биде и поволен период за реновирање или изградба на нов дом. Постојат можности и за зголемување на приходите.
Стрелец
Сатурн ќе транзитира низ вашето второ поле. Тоа значи дека во периодот што следува ќе успеете да ги контролирате вашите финансиски трошоци, а вашата заштеда ќе ја искористите за утврдување поголема стабилност во иднина. Згора на тоа, ќе се зголемат вашите приходи, но и вашите успеси на работа благодарение на поддршката од колегите.
Јарец
Конечно ќе ги решите проблемите со кои се соочувавте за време на ретроградната фаза на Сатурн. Тоа значи дека сега ќе имате можност да ја насочите својата енергија во вистинска и продуктивна насока. Освен тоа, во ваш интерес ќе биде да останете мотивирани и дисциплинирани докрај затоа што тоа ќе ви помогне да бидете целосно фокусирани на своите планови во поглед на кариерата.