Во последните 70 години Македонија се владее од експонентите на југословенската политика, кои со помош на таканаречените „чесни“ Албанци и „чесни Македонци“ и парите стекнати за време на приватизацијата сакаат да ја растурат земјата и нејзината територија да ја извлече од Западниот и да ја вовлече во Источниот свет, вели лидерот на Движењето Нова Република, Ивон Величковски, во интервју за ТВ Шења.

Величковски тврди дека југословенските структури и нивните деца и внуци, одредуваат квота за Албанците во власта што се добри за Македонците за да можат меѓусебно да функционираат, а обичните луѓе остануваат исклучени од процесите.

„Тоа е југословенска филозофија, комплетно. И затоа е сега ова нелагодност кај сите политички партии. Мицковски бара средба за датум за избори, а не сака да збори за уставни измени“, вели лидерот на Нова Република.

Според него, кај Албанците постои впечаток дека на власт се бираат само „чесни“ Албанци, но иста е ситуацијата и кај Македонците.

„Македонската олигархија е создадена без учество на Македонците и Албанците. Таа е создадена со приватизацијата. Ќе ве потсетам, и на министри Албанци, кои што биле и за финансии и за економски прашања, се бавеле со многу работи, но Агенцијата за приватизација радо ја тргале од своја надлежност. Некој имал потреба да бара „чесни“ Македонци и „чесни“ Албанци“, објаснува Величковска и додава дека олигарсите се благајници, по принципот каса прими, каса исплати за „чесните“ Македонци и „чесните“ Албанци.