Нутриционистите главно се сложни во тврдењето дека со наголемување на возраста, треба да се намали консумацијата на млекото, а особено постарите лица треба целосно да го исклучат од својата исхрана, наспроти општоприфатеното мислење дека тоа ќе им помогне во зачувување на здравјето на коските.
Млекото е една од намирниците за чии здравствени придобивки (или штети) лекарите и нутриционистите не се согласуваат. Некои предупредуваат дека казеинот, главната состојка во млекото, е исклучително штетен по здравјето и дека, соодветно, треба да се избегнува. Други, пак, истакнуваат дека ризницата на хранливи материи е незаменлива за благосостојбата на организмот.
Неодамнешното истражување сугерира дека група луѓе треба да го избегнуваат. Лекарите истакнуваат дека оваа намирница претставува голем ризик за здравјето на луѓето, особено за оние кои секојдневно пијат млеко, а се во поодминати години. Дури и една чаша млеко во некои случаи може да претставува закана по здравјето на оваа група луѓе.
Една од главните причини зошто постарите луѓе конcyмираат млеко и млечни производи е за зајакнување на коските, но нутриционистот Алексеј Ковалков вели дека ова мислење е погрешно и дека постарите лица над 60 години треба целосно да го исфрлат од исхраната.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.