Популарниот бренд за спортска мода и опрема, „Адидас“, привлекува големо внимание и предизвикува воодушевување со најновиот дизајн на продукт со кој ги поврзува световите на спортот и технологијата на уникатен и еколошки начин.
Новите безжични слушалки на брендот, наречени „RPT-02 SOL“, се полнат со енергија преку природна сончева светлина, но и преку вештачка светлина. Станува збор за колаборација помеѓу „Адидас“ и брендот за звучници „Заунд индустрис“ (Zound Industries).
Делумно изградени од рециклирана пластика и напојувани од светлина, „Adidas RPT-02 SOL“ се спортски слушалки што се дизајнирани да се полнат самите и да ги издржат секојдневните предизвици на активниот начин на живот – велат од „Адидас“.
Дизајнот на слушалките вклучува ткаенина од соларни ќелии наречена „пауерфојл“, која ја трансформира сончевата светлина и вештачката светлина во електрична енергија. За разлика од многу други фотоволтаични материјали на пазарот, кои собираат енергија само од директна сончева светлина, пауерфојл може да собира енергија и за време на облачните денови од невидливите УВ зраци кои минуваат низ облаците.
„Од „Адидас“ откриваат дека слушалките можат да се користат активно и до 80 часа по целосно полнење.
Колку ќе се полни единицата е директно еквивалентна на количината на светлина на која е изложена. Целата поента е во тоа што единицата се полни цело време по малку доколку има некаков вид на светлина, дури и кога не е вклучена или користена – вели менаџерот за производи на „Заунд ундустрис“, Андерс Олсон.
Дизајниран од шведскиот производител на соларна технологија „Ексегер“ (Exeger), поауерфојл се состои од куп фотоволтаични листови со дебелина од 100 атоми кои се испечатени на пластичен лист. Пауерфојл е моделиран на начинот на кој растенијата ја трансформираат светлосната енергија во хемиска енергија за време на фотосинтезата. Кога нанослоевите на материјалот се изложени на светлина, тие генерираат електрична енергија што ги напојува слушалките.
Корисниците можат да идентификуваат од каде доаѓа најсилната светлина преку светлосниот индикатор на страната на лентата за глава. Апликацијата „Адидас хеадфоун“ (Adidas Headphone), исто така, им овозможува на корисниците да го следат нивното полнење и статусот на батеријата во реално време. Исто така, „Адидас“ тврди дека слушалките се отпорни на пот и прскање.
Слушалките се направени од 51 отсто пластика, од кои 87 отсто се направени од рециклиран „PC-ABS“ и рециклиран најлон. Останатите материјали вклучуваат електронски компоненти како што се ПХБ, батерија, прекинувачи и ЛЕД диоди, како и метални делови во внатрешноста на лентата за глава, жици и пена во ушните перничиња.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.