СТРЕЛЕЦИТЕ се ентузијастички и љубовни по природа. Тие секогаш бараат идеален партнер, но поради нивната импулсивна и донекаде наивна природа често завршуваат со некој кој не им одговара. Брзо се занесуваат и се заљубуваат, но откако ќе стивне почетниот ентузијазам, подготвени се пообјективно да го проценат партнерот.

Овие луѓе не бараат само љубовник во партнерот, туку и пријател. Кога ќе најдат сродна душа, тие целосно се предаваат на врската. Ним им треба некој кој нема да ги ограничува и да го проверува секој нивни потег. Доколку наидат на воздржан, љубоморен или посесивен партнер, ќе се чувствуваат ограничени и незадоволни.

Најдобрите партнери

Стрелците најмногу им одговараат на Овенот и Лавот, кои, како и нив, се страсни луѓе со авантуристички дух. Нивната врска ќе пукне од страст и возбуда, а ќе се поддржуваат и ако за нешто не се согласуваат.

Вагите им се исклучително привлечни. Освен што ќе ги освојат со својата убавина, ќе им се допадне и тоа што се толерантни, па ќе им дадат доволно слобода. Водолијата им е интересна, а во неа можат да најдат идеален придружник за патувања и нови авантури.