Некои од нашите репрезентативци имаат тетоважи на телото, а трендот е многу присутен и кај светските фудбалери.
Сепак, еден од најголемите играчи во светот на фудбалот нема ниту една тетоважа на своето тело.
Кристијано Роналдо изјави дека нема ништо против тетоважите, но тој нема од многу специфична причина.
Крводарител
„Немам тетоважи бидејќи на тој начин можам почесто да донирам крв“, изјави тој за Дирета.
Имено, сите оние кои се тетовираат мора да чекаат неколку месеци по тетоважата за да даруваат крв.
Познато е дека португалскиот фудбалер е крводарител и често на социјалните мрежи промовира крводарување.