СО ГОДИНИ, нашата култура се фокусираше на врската помеѓу здравата исхрана и физиолошката благосостојба – најмногу поврзана со нашата тежина. Но, поради пандемијата, која го направи менталното здравје жешка тема, се повеќе луѓе стануваат свесни дека храната што ја јадеме може сериозно да влијае на нашето расположение, пренесува Eat This.

Истражувањето објавено во The British Medical Journal покажува дека исхраната игра водечка улога во тоа како се чувствуваат нашето тело и мозок. Имено, лошата исхрана може да доведе до депресија, анксиозност, па дури и агресија, предупредуваат експертите. Сепак, подобрувањето на вашата исхрана и јадењето одредени видови храна може да помогне во менталното здравје.

Рејчел Енгелхарт, регистриран диететичар и сертифициран интуитивен советник за исхрана, вели дека одредена храна може да ги поддржи процесите во телото кои се одговорни за позитивното расположение и одржување на енергијата. Таа тврди дека најдобрата храна за да се чувствувате добро се:

мрсна риба
јогурт
банани
брзо сирење
ореви
семиња
школки, особено остриги