Македонија ја води криминална власт на која мораме заедно да и спротивставиме. Затоа сме постојано со народот вклучително и во рамки на оваа акција “Ова е Македонија, за сите“. Криминалот и корупцијата на власта го осиромаши народот и го донесе до питачки стап. Луѓето ни заминуваат , едвај се врзува крај со крај, цените поскапеа толку што тоа што можеше да се купи со 1000 денари, денес не може ни со 2000. Капак на се, ги арчат народните пари безмилосно. На уште не почната градба на автопати прифатиле да исплатат 300 милиони евра. Ни автопати ни пари ќе видиме со оваа криминална власт. Да знаеја, имаа 7 години да го завршат автопатот Кичево Охрид и ништо не направија. Два километри автопат не можат кон Блаце да ги изградат. Оваа власт на СДС и ДУИ знае само да краде и да троши, а ништо за народот да не остави – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Тим предводен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Велгошти, Долно и Горно Лакочереј во Охрид. Тој потенцираше дека граѓаните се соочуваат со бројни проблеми поради неработењето на владата, животот е тежок и едвај врзуваат крај со крај, поради се поскапата живеачка.

Аџиоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како народна партија ќе понуди решенија за истите и за многу брзо доаѓа крајот на оваа ненародна власт.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од градоначалникот Тони Коњановски беше во посета на населбата Горно Оризари во Битола. Ова е активност во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија за сите“.

„Овде сме да ги слушнеме вашите идеи, заложби, сето она разнебитување на Македонија по сите основи и да кажеме што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ како партија која потекнува од народот, која знае како се работи и која докажала дека ја гради државата. Секако тука сме и како дел од локалната самоуправа иако знаете општината е отворена секојдневно за вас“, рече на средба со граѓаните градоначалникот Коњановски.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на населено место Ратево, општина Берово. Ова е активност во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија за сите“.

„Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат граѓаните  од населеното место Ратево, да видиме со какви проблеми се соочуваат кои се настанати од аздисаната и неодговорна власт на СДС и на ДУИ кои ветуваа дека ќе донесат живот во РМ, а она што го гледаме е само грабеж, криминал корупција, пљачкање на народните пари преземање на обврски кои не се во состојба да ги исполнат и за кои немаат никаков легитимитет“, рече Ковачки.

На терен во рамките на акцијата за посета на населени места и средба со граѓани беше и тимот предводен од координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски кој ги посетија населените места Лесковица, Драгоево и Лакавица при што жителите истакнаа дека централната власт ги има заборавено. Локалното наслеение исто така даде  конструктивни предлози за реализација на проекти кои би го подобриле квалитетот на живот и за кои локалната власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а и народните избраници преку амандмани во првиот ребаланс на буџет ќе дадат се од себе да ги реализираат

„Централната власт ги има заборавено овие села, но затоа ние сме тука како пратеници да ја постестиме да сето она што би требало да го направи и дел од овие проблеми со кои што се соочуваат. Од наша страна во нареден период при првиот ребаланс на буџет ќе бидат вметнати во вид на амандмани и сето ова во насока на подобрување на квалитетот на живот, заживување на овие населени места и зошто да не, размислување и за повраток на млади луѓе во овие населени места“, рече Мицевски.