Кристијано Роналдо од почетокот на годината е играч на Ал Наср од Саудиска Арабија. Славниот португалец дојде во најслабата лига во кариерата откако беше одбиен од сите клубови на кои сакаше да им се приклучи за да може да игра во Лигата на шампионите.
Хорхе Мендеш, најмоќниот фудбалски менаџер, не успеа да му го овозможи тоа и затоа Роналдо ја раскина соработката со него. Според „Мундо депортиво“, разделбата на супер агентот и неговиот најпознат клиент се случила кога Мендеш не успеал да го исполни ултиматумот на фудбалерот.
„Или Челзи или Баерн или ја прекинуваме соработката“, му порачал Роналдо.
Освен од Челзи и Баерн, Мендеш доби негативни одговори и од другите клубови на чии врати затропа. Наводно, Роналдо го одбиле во Борусија Дортмунд, Наполи, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид…Никој не бил заинтересиран за услугите на португалецот.
Роналдо на крајот замина во Саудиска Арабија, каде што годишно ќе заработува околу 200 милиони евра./Makfax/