Станува збор за ученици од училиште за домородни деца во близина на градот Камплоупс на југот на Британска Колумбија, а нивните остатоци се пронајдени со помош на специјален радар, објави локалната домородна заедница, пренесува Гардијан.
Advertisements
Некои пронајдени остатоци им припаѓаат на деца на возраст од три години, но причините и времето на нивната смрт сè уште не се познати. Училиштето работело под раководство на Римокатоличката црква од 1890 до 1978 година.
Шестгодишна истрага за канадскиот интернатски систем, преку која минале најмалку 150.000 домородни деца, на возраст од 4-15 години, насилно одвојувани од семејствата, во 2015 година откри дека системот, кој во меѓувреме бил укинат, вршел „културен геноцид“, во кој емоционалната и сексуална злоупотреба, како и присилната работа, биле широко распространети. На децата им било забрането да го зборуваат мајчиниот јазик и да ги прават културните обичаи.
Во истите документи се споменува дека учениците биле изложени на епидемии на сипаници, туберкулоза, грип и други заразни болести, при што многу од нив починале.