Словенечкиот тим „ во минута до 12“ не го откажа учеството во АБА лигата, што ќе знаеше дека МЗТ Скопје ќе го зазеде неговото место.

Но, финансиските проблеми беа преголеми, не успеаја да најдат решение и на крај Приморска пред десетина дена се откажа од АБА лигата, а денеска истапи и од словенечкото првенство.
– Приморска беше еден од главните фактори за заживување на словенечката кошарка, но одличните резултати на терените не ги следеа другите фактори кои се неопходни за долготрајно функционирање. Се надевам дека долговите ќе бидат подмирени, дека ќе се најде решение да ја продолжат работата со младите кошаркари и дека во иднина повторно во Копер ќе гледаме кошарка – изјави Радослав Нестеровиќ, генерален секретар на Кошаркарската федерација на Словенија.

Сите натпревари на Приморска во словенечкиот шампионат ќе бидат регистрирани со службен резултат 20:0.